Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Анализа на студентската и академската мобилност: „Сонуваме да патуваме“

Сонуваме да патуваме Младински образовен форум (МОФ), со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, на 27.01.2011 година, во ЕУ Инфоцентар,  одржа јавна трибина на која ги презентираше резултатите од истражувањето на тема “Мобилност на студенти и академски кадар”. Овие резултати се публикувани во брошурата “Сонуваме да патуваме”.

Истражувањето беше спроведено преку 420 испратени барања за слободен пристап до информации до институции кои се иматели на информации од областа на високото oбразование. Мобилност на студенти и на академскиот кадар е една од најзначајните постулати на Болонската декларација и како таква МОФ смета дека е многу битна за унапредување на квалитетот на високото образование.

Заклучок кој произлезе од спроведеното истражување е дека мобилноста на студентите и на акдемскиот кадар во Р. Македонија е на многу ниско ниво. Исто така, резултатите од истражувањето укажуваат дека: сеуште има факултети на кои ниту еден студент не искористил некоја од програмите на Европска Унија за мобилност, факултетите немаат унифицирани критериуми со кои би се врашела селекцијата за студенска и академска мобилност, отсуствуваат промотивни активности од кои студентите би можеле да се информираат за мобилноста.

sonuvame_da_patuvame1На темата свое видување даде проф. Д-р Зоран Поповски кој изјави “МОФ уште еднаш докажува дека е совеста во високото образование. Ова истражување потсетува дека Болоња не е фикција, туку реалност која треба да се креира и преку мобилноста на студентите и академскиот кадар како услов за унапредување на квалитетот во високото образование. Во брошурата се поместени бројни согледувања и препораки, како мобилноста да се претвори во алатка за интернационализација на високото образование и науката.”

Повеќе информации можете да прочитате на MOF.org.mk