Инфографик: Граѓаните за правото на слободен пристап до информации
Студијата „Надминување на принципите на тајност во работењето на администрацијата“ дава детален преглед на одговорите на граѓаните за правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во Република Македонија, кои произлегоа од спроведеното квантитативно истражување на национален репрезентативен примерок. Загрижува фактот што сè уште мнозинство од граѓаните не се запознаени со правото на слободен пристап. Значителен дел од нив ниту сметаат дека имаат право на пристап до информациите од јавен карактер, особено не на оние од областа на здравството и во врска со информациите коишто ги поседуваат Владата и министерствата. Од друга страна, позитивно е што граѓаните имаат интерес за пристап до информациите, особено оние од областа на животната средина.