Breadcrumbs

Вести

Тркалезна маса: Транспарентност во финансирањето на политичките партии

tm-logo
foom-logo


На 17 ноември (четврток), во хотелот Холидеј Ин (Дневна сала) со почеток во 11.00 часот, Транспарентност Македонија и Фондацијата Отворено општество - Македонија организираат тркалезна маса на тема: „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“. Целта на средбата е да се презентира периодичниот извештај од истражувањето во рамките на проектот „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“, како и да се идентификуваат насоки за натамошни активности за зголемување на транспарентноста во финансирањето на политичките партии во Република Македонија.

На тркалезната маса, на која се поканети претставници од институциите надлежни за надзорот и контролата на финансирањето на политичките партии, од парламентарните политички партии, граѓанскиот сектор и експерти, свои излагања ќе имаат: д-р Никола Тупанчески, поранешен претставник на ГРЕКО за РМ, д-р Рената Тренеска – Десковска, експерт и д-р Предраг Трпески, експерт.

Партиите да кажат кој им го полни чекмеџето

Меѓународен ден на слободниот пристап до информации

Дури 110 жалби против политичките партии стигнале до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации во изминатата година. Комисијата заклучува дека големиот број жалби поднесени против политичките партии се должи на нивната затвореност кога станува збор за финансиите и финансиските извештаи по основ на донации, како и на непознавањето на оваа правна регулатива. Но за информации не се затворени само партиите, туку и институциите. На ова се потсетува на денешното одбележување на Денот на слободниот пристап до информации.

Меѓународен ден за слободен пристап до информации

По повод Меѓународниот ден за слободен пристап до инфорации „Имам право да знам“ (Right to Know Day) - 28 септември 2011 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Транспарентност Македонија, Фондацијата Метаморфозис, Македонското здружение на младите правници, Младинскиот образовен форум и  Цивил – центар за слобода, ја промовираат веб страната www.spinfo.org.mk.

Анализа на процесот на креирање на регулативите преку изготвување на проценка на влијанието на регулативата во 2010

naslovna-3dАнализата на процесот на креирање на регулативите преку изготвување Проценка на влијанието на регулативата е производ од набљудувањето спроведено од страна на Македонското здружение на младите правници во текот на 2010 година, во рамките на проектот „Право да знам, право да учествувам“ поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Набљудувањето имаше за цел да го утврди начинот на креирање на регулативите од страна на државните органи, односно начинот на кој државните органи ја утврдуваат потребатата од донесување на нова и измена и дополнување на веќе постоечката регулатива.

Незаконита пресуда на управниот суд за ограничувањето на слободниот пристап до информации

На граѓанинот, барател во постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер, му беа потребни скоро 4 години за да добие шанса за повторно разгледување на неговото барање: „На колку предмети се користеле специјални истражни мерки во текот на 2006 и 2007 година“?

Страница 6 од 17