2013

Случај 04

За колку закони и кои се тие за кои сте објавиле на веб страната на министерството почеток на процесот на донесување на зкаонот од моментот на усвојувањето на Акцискиот план за Отворено владино партнерство до денот на одговорот на ова барање? Ве молиме наведете го линкот каде е објавен овој процес на www.ener.gov.mk, согласно цел 1, мерка 1, точка 1 од Акцискиот план за отворено владино партнерство?

Барање | Ургенција | Известување

Случај 03

Дали е извршено консолидирање на информациите и утврдување приоритет на оние податоци кои се сметаат за отворени согласно Акцискиот план за отворено владино партнерство (цел 7, мерка 3), во периодот од неговото усвојување, заклучно со датумот на прием на ова барање?

Барање | Одговор на барање

Случај 02

Дали на веб страницата на вашето министерство се објавуваат информации за безбедност на патиштата, чистотата на воздухот и безбедноста на работниците и дали истите можат да бидат преземени, согласно цел 9, мерка 2 од Акцискиот план за спроведување на отворено владино партнерство (усвоен од Владата на РМ)?

Барање | Одговор на барање

Случај 01

Фотокопија од Годишната програма за работа на Министерството за економија на Република Македонија за 2013

Барање | Одговор Повторно барање | Одговор на повторно барање | Прилог на одговорот


 Одговор на барање

Во прилог министерството доставува копија од документот: „ Предлог иницијативи на Министерстовто за Економија за Програмата за работа на Владата за 2013“

Повторно барање

Барателот смета дека информацијата со која се запознал не е информацијата што ја навел во барањето, заатоа го доставува ова повторно барање.

Одговор на повторно барање

Министерството за економија во својата дејност веќе неколку години не го вклучува подготвувањето на Годишната Програма за работа на Министерството за економија. Министерството ги подготвува Стратешките приоритети на Министерството за економија за 2013 како дел од Годишната програма за работа на Влада на Република Македонија.  

Прилог: Стратешки приоритети на Министерство за економија за 2013 година

Жалба

Решение на жалба: „Се уважува жалбата на Фондација отворено општество – Македонија и се задолжува министерстовот за финансии на РМ, како имател на информацијата, најдоцна во рок од 15 дена од приемот на Решението да ја достави бараната информација до барателот во форма наведена во барањето.“