Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Инфографик: Законот за слободен пристап до информации од гледна точка на имателите на информации од јавен карактер

Додека од една страна, истражувањата и извештаите за запознаеноста и ставовите на граѓаните со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер се или оскудни или воопшто ги нема, од друга страна постојат повеќе извештаи кои ги опфаќаат имателите на информации. Имено, во својот годишен извештај Комисијата редовно дава осврт на имплементацијата на Законот и се осврнува на обврската и на податоците што ги добива од страна на имателите на информации кои се задолжени да доставуваат годишен извештај до Комисијата. Иако ваквите извештаи се само делумни, тие сепак даваат слика за состојбата и за имплементацијата на Законот од страна на имателите на информации.

Во таа насока, студијата „Надминување на принципите на тајност во работењето на администрацијата“ ги опфаќа резултатите добиени од 446 иматели на информации преку електронско истражување и има за цел да се осврне на некои аспекти кои досега не биле истражени во Македонија. Така, на пример, се дава слика за тоа колку и што преземаат имателите за да се усогласат со Законот, колку сметаат дека Законот ќе придонесе да бидат потранспарентни, со кои потешкотии и предизвици се соочуваат во имплементацијата и какви се нивните генерални ставови за Законот. Сметаме дека целосната слика за спроведувањето на Законот не може да биде претставена доколку не се земат предвид и ставовите и мислењата на имателите, кои се директно надлежни за давањето информации и воспоставуваат директен контакт со граѓаните.

Следува инфографик со ставовите и мислењата на имателите на информации од јавен карактер:

Infografik institucii 850px-width