Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Инфографик: Граѓаните за правото на слободен пристап до информации

Студијата „Надминување на принципите на тајност во работењето на администрацијата“ дава детален преглед на одговорите на граѓаните за правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во Република Македонија, кои произлегоа од спроведеното квантитативно истражување на национален репрезентативен примерок. Загрижува фактот што сè уште мнозинство од граѓаните не се запознаени со правото на слободен пристап. Значителен дел од нив ниту сметаат дека имаат право на пристап до информациите од јавен карактер, особено не на оние од областа на здравството и во врска со информациите коишто ги поседуваат Владата и министерствата. Од друга страна, позитивно е што граѓаните имаат интерес за пристап до информациите, особено оние од областа на животната средина.

Истражувањето, исто така, утврди дека само мал дел граѓани бараат информации (еден од пет граѓани барале информации, иако секој трети смета дека барал информации). Разликата се должи на перцепцијата на граѓаните дека какво било информирање всушност претставува барање на информација од јавен карактер, како на пример барање за увид во личните режиски сметки и објаснувања за висина на долгот. Ова е индикатор за ниската политичка култура на граѓаните во Македонија.

Следува инфографик со ставовите и перцепциите на граѓаните за нивното право на слободен пристап до информациите:

Infografik gragjani 850px-width