Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Дискусии на ниво на ЕУ за ревизија на правилата за пристап до документи за институциите да бидат помалку транспарентни

Невладините организации ја искажуваат својата загриженост за заканата врз законодавството за транспарентност на ЕУ

6 јуни 2012 година – Според организациите за заштита на животната средина и за транспарентност, клучното законодавство на ЕУ е под сериозна закана. Во писмото испратено до Европскиот совет, граѓанското општество предупредува дека преговорите кои се одвиваат во моментов и се однесуваат на регулативата за пристап до документи може уште повеќе да го отежни учеството на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки на ниво на ЕУ. Здруженијата сметаат дека сите промени во постојното законодавство треба да бидат во согласност со Договорите на Европската унија и со меѓународните стандарди.


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) даде поддршка на залагањата на невладините организации. ФООМ континуирано работи на промовирање и остварување на правото за пристап до информациите. Повеќе детали можете да прочитате на овој сајт

Целиот текст од соопштението можете да го преземете тука

Амандманите од невладинот сектор на Регулативата 1049/2001 за пристап до документи можете да ги преземете тука