Министрите за правда на државите-членки на ЕУ усвоија нов закон кој Европската комисија го предложи со цел да се гарантира правото на информации на обвинетите во текот на кривични постапки. Според „Директивата за право на информации во кривични постапки“, осомничените за кривично дело ќе бидат информирани за своите права на јазик кој тие го разбираат. Оваа мерка ќе гарантира дека земјите од ЕУ на сите лица кои ќе бидат уапсени или се предмет на Европскиот налог за апсење – ќе им биде прочитан Списокот на правата каде се наведуваат неговите/нејзините основни права за време на кривичната постапка. Откако ќе стапи во сила (две години по неговото објавување во Службениот весник на Европската унија – што се очекува да се случи во следните неколку недели), новиот закон ќе се применува во околу 8 милиони кривични постапки годишно, во сите 27 држави-членки на ЕУ. Во моментов, ова право постои само во една третина од државите-членки.
Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk