Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Случај 28

Број на случаи на непочитување на пресудите, односно правните станивишта на Управниот суд преку повторно поднесување тужба.

Потврда за прием | Потврда | Службена белешка | Одговор | Известување за дополнување на Барање

Достава на потврда за прием, службена белешка и одговор на барање

Во прилог на ова писмо Ви доставуваме Потврда за прием на барање 03-35/1 од 26.05.2011 година, Службена белешка бр. 03-35/4 од 09.06.2011 година и одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер   бр. 03-35/6 од 14.06. 2011 година.

Службена белешка

Постапување по барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 03-351 од 26.05.2011 година.

На ден 26.05.2011 година, во Управниот суд е примено писмено барање за пристап до информации од јавен карактер, поднесено од барател Фондација отворено општество - Македонија, Скопје, заведено под бр. 03-351 на ден 26.05.2011 година.

Постапувајќи по Известувањето за дополнуање на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер заведено под бр. 03-35/2 од 30.05. 2011 година, барателот на информацијата достави Дополнување на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, примено во судот на ден 09.06.2010 година, заведено под бр. 03-35/3

Одговор по барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-35/1 од 26.05.2011

Постапувајќи по Вашето писмено барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во овој суд под бр. 03-35/1 од 26.05.2011 година со кое барате во форма на фотокопија и по пошта да Ви се даде следната информација од јавен карактер: „ Број на случаи на непочитување на пресудите, односно правните станивишта на Управниот суд преку повторно поднесување тужба за период 2009 и 2010 година“, Имателот на информацијата врз основа на спроведената постапка согласно Законот за слободен пристап до инфорамции од јавен карактер(Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/06, 86/08 и 6/10), позитивно одговори на истото, па согласно член 24 став 1 од цитираниот закон, веднаш Ве запознава со бараната информација

Во текот на 2009 година, пред Управниот суд се поднесени вкупно 118, а во текот на 2010 година, се поднесени вкупно 152 барања по член 53 од Законот за управни спорови, за извршување на пресуда на овој суд, .

Известување за дополнување на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер