Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Правна програма: ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

И по изминати три години од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер 63% од граѓаните не знаат дека постои законот

Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ќе одржи прес-конференција во просториите на НВО Инфоцентарот, денеска (четврток) 14 Мај 2009 година, со почеток во 11:00 часот. На прес-конференцијата, ќе бидат презентирани  резултати од Истражувањето за перцепцијата на граѓаните во Република Македонија за остварувањето на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и оцената на имателите на информации за примената на правото.

Истражувањето беше изведено во два дела: (а) квалитативно истражување преку две фокус групи (општа популација и службени лица од кај имателите на информации) и (б) квантитативно истражување на национално репрезентативен примерок од 1009 испитаници и 50 професионалци – иматели на информации. Истражувањето беше спроведено од професионалната агенција Brima Gallup во периодот јануари-март 2009 година.

Дел од резултатите на Истражувањето укажуваат дека:
 

  • - ТРИ ГОДИНИ ПО ДОНЕСУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ, МНОЗИНСТВОТО (63%) ОД ГРАЃАНИТЕ НЕ ЗНААТ ДЕКА ПОСТОИ ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
  • - 9 ОД 10 ГРАЃАНИ СМЕТААТ ДЕКА Е ПОТРЕБНА КАМПАЊА ЗА НИВНО ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРАВАТА И МОЖНОСТИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ
  • - НЕМАЊЕТО ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ И НИВНАТА ИНЕРТНОСТ СЕ БАРИЕРА ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР, СМЕТААТ ДУРИ 81% ОД ГРАЃАНИТЕ. АЛБАНЦИТЕ ИМААТ НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ, НАСПРОТИ ОСТАНАТИТЕ ЗАЕДНИЦИ КОИ ИМААТ МАЛА ДОВЕРБА.
  • - ЗА ГРАЃАНИТЕ ПОСТОЕЊЕТО НА ЗАКОНОТ Е ОД ОСОБЕНА ВАЖНОСТ
  • - ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЗАКОНОТ ПРЕТСТАВУВА МОЖНОСТ НА ВИДЕЛИНА ДА ИЗЛЕЗАТ ПРОБЛЕМИТЕ И АНОМАЛИИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ИНСТИТУЦИИТЕ
  • - КОНСЕНЗУС МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА ДЕКА ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕ БЕСПЛАТЕН
  • - ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ГРАЃАНИТЕ, КОИ ЗНААТ ЗА ЗАКОНОТ, НЕ ЗНААТ ДЕКА ПОСТОИ КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ, КОЈА Е ВТОРОСТЕПЕН И НЕЗАВИСЕН ОРГАН
  • - ПОВЕЌЕ ОД 2/3 ОД ГРАЃАНИТЕ (68%) НЕ ГИ ПРЕПОЗНАВААТ ВЛАСТИТЕ ВО ДРЖАВАТА КАКО ИМАТЕЛИ НА ИНФОРМАЦИИ И НЕ ЗНААТ КАДЕ СЕ ПОДНЕСУВААТ БАРАЊАТА (70%)
  • - ЧЕТИРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ „КРАЈНО НЕЗАДОВОЛНИ ГРАЃАНИ“ ВО ОДНОС НА „МНОГУ ЗАДОВОЛНИТЕ“ ОД ОДНОСОТ СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА
  • - 94% ОД ГРАЃАНИТЕ КОИ ИМААТ ИСКУСТВО СО ЗАКОНОТ, СМЕТААТ ДЕКА ЕДИНСТВЕНА ПРИЧИНА ЗА ДОЛГОТО ТРАЕЊЕ НА ПОСТАПКАТА Е ИНЕРТНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ. СПРОТИВНО ОД НИВ, СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА НЕИНФОРМИРАНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ ЈА СМЕТААТ ЗА ГЛАВНА СЛАБОСТ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЗАКОНОТ.