Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Прес-конференција

СУДСКИТЕ ПРЕСУДИ И ПОНАТАМУ ОСТАНУВААТ НЕДОСТАПНИ ЗА ЈАВНОСТА

Македонското здружение на млади правници, Скопје ќе одржи прес-конференција во просториите на НВО Инфоцентарот, во петок на 08 Мај 2009 година, со почеток во 11:00 часот.

            

На прес-конференцијата, ќе биде презентиран  Месечниот извештај за состојбата на остварувањето на слободниот пристап до информациите од јавен карактер во Република Македонија во месец Април во рамките на проектот: „Промовирање и заштита на правото за  слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија“, поддржан од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. Овој извештај ги опфаќа резултатите од спроведеното набљудување на слободниот пристап до судските пресуди, односно негативниот пристап на судовите во РМ при остварувањето на правото на слободен пристап. Дополнително извештајот дава информации за исчекорот во одлучувањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со оставрувањето на правото на слободен пристап до пресудите.