Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Конвенција за пристап до службените документи на Совет на Европа

Лобирање во Парламентарното собрание на Советот на Европа: Успешна активност на повеќе од 250 европски граѓански организации

Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE) минатата недела едногласно усвои резолуција во која се искажува загриженост заради значителните недостатоци на првиот светски договор  кој има за цел да го гарантира јавниот пристап до информации.  Парламентарното собрание на Советот на Европа повика на измени во нацрт-текстот на Конвецијата за пристап до јавни документи.

„Мислењето“ на Парламентарното собрание на Советот на Европа  идентификува серија проблеми во нацрт договорот, вклучително:  

Непостоење на изјава за правото на информации  со која се утврдува дека „сите официјални документи се во принцип  јавни и можат да бидат задржувани само заради заштитата на други права и легитимни интереси“;
Отсуство на обврзни временски рокови за одговарање на барањата.  Европскиот суд за човекови права утврди дека информацијата е „производ со краток рок на траење и одложувањето на нејзиното објавување дури и за краток период може да ја лиши од сета вредност и интерес“;
Ограничено дефинирање на „јавните власти“  што ги исклучува главните функции на законодавните и судските органи, како и на приватните органи кои  што вршат јавни функции или работат со јавни средства со што „се дозволува некои јавни органи да продолжат да работат во сенка“;
Барателите траба да имаат право на жалба до огран за преиспитување кое што има овластување на наредби за обелоденување на бараниот  официјален документ;
На државите им се дава слобода се оградат од која било одредба на Конвенцијата, и на тој начин се поткопува „деликатната рамнотежа на многу индивидуални компоненти“ потребни  за да правото на пристап до информации фунционира во практика. 


Говорејќи на дебатата во Парламентарносто Собраните во петокот, Клаас де Фрис , поранешен холандски министер кој го подготви Мислењето во име на Комитетот за правни  работи и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа, го повика Комитетот на Министри „да вложат додатен напор сега“, додавајќи дека „ако не дејстуваме сега, ќе бидеме критикувани со години“.

Access Info Europe, ARTICLE 19, и Правната иницијатива на Отворено општество се меѓународни организации кои што веќе две години инстакнуваат интерес за овие прашања и добија поддршка од повеќе од 250 европски граѓански организации.
Во Република Македонија поддршка на акцијата дадоа: Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Македонското здружение на млади правници, Центарот за развој на медиуми, Про медиа, Коалицијата „Сите за правично судење”, Фондацијата Метаморфозис, НВО Инфоцентар, Младински образовен форум, Заеднички вредности, Акција здруженска, Младински културен центар-Битола, Транспарентност Македонија, Регионален центар за одржлив развој – Кратово, ХОПС– намалување на штети, ХОПС - Комерцијални сексуални работнички, Пасаж, Македонска мрежа за намалување на штети, Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Центар за развој на заедницата – Кичево, Центар за граѓански иницијативи – Прилеп, Центар за поддршка на заедницата – Ресен, Транспарентност – Нулта корупција, Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија и Регионален центар за развој – Делчево.