Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Закон има, слободен пристап до информации нема

Извор: Н.Н.С. / Дневник

Иако Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер е во сила повеќе од една година, граѓаните немаат пристап до нив поради пропусти во регулативата.

Јавната администрација го користи тоа за да не одговори на поставените прашања. Ваков став беше изнесен на вчерашната презентација на извештајот „Една година подоцна“ од едногодишното набљудување на спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на Фондацијата „Институт отворено општество“.

Извештајот се однесува за периодот од септември 2006 до септември 2007 година, во кој до јавните институции граѓаните поднесле 629 барања за довивање информаци. Дури во 40 отсто од случаите граѓаните не добиле одговор, односно се соочиле со „молчење на администрацијата“.

Професорот на Правниот факултет Никола Тупанчески, член на Управниот одбор на ФИООМ, има сериозни забелешки за процентот на неодговорените барања за информација до соодветните институции.

- Законот има технички пропусти и треба да претрпи одредени корекции, но и да се преземе нешто за да се применува во праксата. Јавната администрација треба да го подобри својот рејтинг во давањето информации и во намалувањето на процентот на неодговорени барања - вели Тупанчески.

За Ана Павловска, професорка на Правниот факултет неопходно е да се направат измени на законот оти во него има многу недореченост и пропусти.

- Граѓаните реално немаат обезбеден пристап до информациите. Првата причина е што самиот закон не дозволува такви можности. Тој е непрецизен, недоречен и создава можност за негова злоупотреба. Втората причина е што имателите на информации го користат овој законски вакуум за да ги избегнат да одговорат на барањата за информации - рече Павловска.