Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Ѕид од тишина: Година од спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) на 26 ноември 2007 година  организираше тркалезната маса со наслов „Една година подоцна“ по повод едногодишното набљудувањето на спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Тркалезната маса ја отвори Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ, а д-р Никола Тупанчески, член на Управниот одбор на ФИООМ го промовираше извештајот „Ѕид од тишина“ што содржи едногодишното истражување (01.09.06-01.09.07) од спроведувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија. Неда Коруновска и Данче Даниловска од ФИООМ ги презентираа главните наоди на истражувањето и препораките содржани во него, по што следуваше дискусија за следни чекори за надминување на идентификуваните проблеми.

Истражувањето покажа дека најголем број (40%) од барањата, поднесени во рамките на истражувањето, за добивање информација од јавните органи, се соочија со „молчење на администрацијата“ и не добија одговор. По поднесување жалба поради молк на администрацијата,во 65% од случаите јавната администрација веднаш одговорила, што е доказ за претходно игнорантскиот и индиферентниот став кон барањата на граѓаните за добивање информации од јавен карактер.