Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Драги пријатели на Слободата на информациите

Во чест на одбележувањето на Денот на правото на слободен пристап до информации – Имам право да знам!, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија ќе организира неколку настани

1. „Отворен ден“, заедно со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и Македонското здружение на млади правници. Како дел од одбележувањето, ќе биде организирана трибина со одговорните лица од институциите – иматели на информации, за тоа како да се подобри правото на слободен пристап до информации во Македонија.   

2. Објавување оглас „Нашето право да знаеме“ за одбележување на денот на правото на слободен пристап и истакнување на специфичните права заштитени со нашиот државен закон (во прилог). Огласот е објавен во четири најтиражни дневни весници.  

3. Организирање на тродневен, напреден семинар за правници, специјализирани за слободен пристап до информации. Семинарот ќе се фокусира на тековната имплементација на законот и правото кое се однесува на слободниот пристап до информации и ќе има за цел понатамошно развивање на парнични стратегии за промоција на правото на слободен пристап до информации. Семинарот ќе се одржи во Струга и е организиран во партнерство со Македонското здружение на млади правници.

4. Покана до сите одговорни лица кои ја представуваат Македонија во Советот на Европа, да разговараат за нацрт-конвенцијата за пристап до официјални документи. Посебен работен состанок ќе биде одржан за да се разгледаат можните стратегии за подобрување на нацрт-конвенцијата. Состанокот се организира во соработка со Про Медиа, Македонското здружение на млади правници и Македонскиот центар за развој на медиуми.

5. Циркулирање на писмо до сите 1.400 иматели на информации по повод одбележувањето на Денот на правото да се знае, кое ќе ги потсетува на нивните обврски во обезбедувањето и заштитата на правото на слободен пристап до информации. Писмото е заедничка активност на ФИООМ и Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации.