Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Една година од примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во соработка со 14 невладини организаци, го набљудуваше остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во првата година од имплементацијата.

Беа поднесени вкупно 625 барања до 75 институции на централно ниво и во 31 општина во Република Македонија. Резултатите од истражувањето укажуваат на тоа дека властите треба:

Да обезбедат пристап до информациите од јавен карактер
Само 38% од барањата на централно ниво добија одговор, а 58% од барањата на локално ниво. Значи, централната власт одговара на секое трето прашање, а локалната на секое второ прашање.

Да не го злоупотребуваат молчењето на администрацијата
Централната власт молчи дури на 43% од барањата, односно скоро половина од барањата не добиваат третман. Локалната власт молчи на секое четврто барање.

Јавно да ги објават листите на информациите од јавен карактер со коишто располагаат.

За граѓаните што имаат потреба од стручен совет при остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер е отворена бесплатна телефонска линија: 0800-44-222*.

Постојано ги шириме рамките на демократијата!

* Линијата е поддржана од проект на Македонското здружение на млади правници, Шведскиот хелсиншки комитет и ФИООМ