Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Анализа на процесот на креирање на регулативите преку изготвување на проценка на влијанието на регулативата во 2010

naslovna-3dАнализата на процесот на креирање на регулативите преку изготвување Проценка на влијанието на регулативата е производ од набљудувањето спроведено од страна на Македонското здружение на младите правници во текот на 2010 година, во рамките на проектот „Право да знам, право да учествувам“ поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Набљудувањето имаше за цел да го утврди начинот на креирање на регулативите од страна на државните органи, односно начинот на кој државните органи ја утврдуваат потребатата од донесување на нова и измена и дополнување на веќе постоечката регулатива.

Идејата за изготвувањето на оваа анализа, од една страна, беше поттикната од интензитетот на усвојувањето на новата и измената на постоечката регулатива. Од друга страна, пак, дополнителен мотив беа извештаите на Европската унија за напредокот на Република Македонија за 2008 и 2009 година, во кои беше утврдено дека носењето закони во итна постапка резултира со неквалитетни закони, кои подоцна треба да се изменуваат и дополнуваат, како и заклучокот дека капацитетите за изготвување на Проценката на влијанието на регулативата не се доволно развиен.

Преземи: Анализа на процесот на креирање на регулативите преку изготвување на проценка на влијанието на регулативата во 2010