Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Работна средба за слободен пристап до информации

Во организација на Фондацијата Институт отворено општество Македонија вчера во Скопје се одржа третата работна средба на тема „Подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за безбедност на класифицирани информации и Законот за заштита на личните податоци“.

На средбата се дискутираа и идентификуваа добрите примери, како и предизвиците во процесот на имплементација на овие три закони. Излагања имаа Маријана Марушиќ од Дирекцијата за заштита на личните податоци, Лидија Костовска од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Јанко Николовски од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информаци од јавен карактер, Борче Давитковски.

Извор: Нова Македонија