Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Казни до 5.000 евра за објавување лични податоци

Со измените на Законот за заштитата на личните податоци што ги подготвува Министерството за правда, Дирекцијата за заштита на лични податоци ќе може да изрекува глоба до 5.000 евра за правни лица, а до 2.000 евра за физички лица при повреда на Законот.

Ова го најави професорката на Правниот факултет, Ана Павловска-Данева, на вчерашната средба со новинарите, која ја организира Институтот отворено општество за подобрување на примената на законот за слободен пристап до информациите. Централна тема на дебатата, наместо законот, беа медиумите и како тие ги пренесуваат информациите.

- Треба да се донесат поригорозни казни, затоа што само така може да се дојде до целта - рече Данева.

Таа како пример го посочи објавувањето телевизиска снимка од приведувањето на Јорго Ќука.