Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Подобрување на имплементацијата на слободниот пристап до информации

На 30 мај (среда) 2007 година со почеток во 10:00 часот беше организирана  првата работна средба на тема: Подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за безбедност на клацифицирани информации и Законот за заштита на личните податоци.

Целта на средбата беше експертска расправа за имплементацијата на овие три закони од страна на централната власт за да се идентификуваат добрите примери како и предизвиците. Беа поканети службените лица кои се директно одговорни за имплементација на овие закони. Покрај нив свое излагање имаа: Маријана Марушиќ, Дирекција за заштита на личните податоци, Директор; Лидија Костовска, Дирекција за безбедност на класифицирани информации, Директор; Јанко Николовски, Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информаци од јавен карактер, Претседател; проф. д-р Владо Камбовски; проф. д-р Борче Давитковски и доц. д-р Ана Павловска Данева.

Организатори и поддржувачи на средбата беа: фондацијата Инститит отворено општество – Македонија и фондацијата Метаморфозис, а во соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информаци од јавен карактер, Дирекцијата за заштита на личните податоци и Дирекцијата за безбедност на класифицираните информации.

Заклучоците од средбата ќе бидат дополнително прикачени.

Листа на учесници

Агенда

Презентации

- Неда Коруновска, Данче Даниловска, ФИООМ

- Маријана Марушиќ, Дирекција за заштита на личните податоци

- Лидија Костовска, Дирекција за безбедност на класифицирани информации

- Јанко Николовски, Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информаци од јавен карактер

- проф. д-р Борче Давитковски, Судир на законите или недоследна примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер?

- доц. д-р Ана Павловска Данева, Како до подобра заштита на личните податоци?

- Филип Стојановски, фондација Метаморфозис

- Маријана Марушиќ, Дирекција за заштита на личните податоци

- Лидија Костовска, Дирекција за безбедност на класифицирани информации


- Јанко Николовски, Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информаци од јавен карактер