Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Слобода на информациите: Како да се постигне одговорност и транспарентност на владата

Од 19 до 23 март 2007 год, во организација на PAI–Public Administrational International, во Лондон, Велика Британија се одржа студиска програма: “Слобода на информациите: Како да се постигне отвореност и транспарентност на Владата“.

На оваа повеќедневна работилница учествуваа претставници на владини и невладини организации кои работат на имплелемтирање на Законот за слободен пристап од Македонија, Нигерија, Република Српска, Замбија, Киригистан, Бахами, Малезија, Боцвана, Јамајка, Тринидад и Тобаго, Мексико и Гана. Предавачите од Канада и Велика Британија пред учесниците се претставија со повеќе презентации, меѓу кои посебно вниманието го привлекоа темите: “Краток преглед и цел“, “Слобода на информациите и одговорност“, “Велика Британија, слобода на информациите – Акт 2000“ и “Слобода на информациите во лондонската општина Камден: перспективите на локалната власт“.

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија овозможи активно партиципирање во студиската програма на свои двајца вработени, како и на претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Целта на учесниците од Македонија беше да се презентираат првите искуства од примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер во Македонија, од аспект на работата на Комисијата за СПИЈК како и активностите на ФИООМ во набљудувањето на примената на законот.