Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Искуства од примената на Законот за слободен пристап до информации

Искуства од примената на Законот за слободен пристап до информации На заедничка прес-конференција, одржана на 14 февруари 2007 година, ФИООМ и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ги  презентираа првите искуства, предизвици, дилеми и постигнувања од петмесечното спроведување на Законот за слободен пристап до информации.

Комисијата изнесе податоци за досегашната нејзина работа и моменталната состојба со имателите на информации, а претставниците на ФИООМ ги информираа медиумите за резултатите од едногодишното нављудување на спроведувањето на законот за слободен пристап. На прес-конференцијата учествуваа и претставници на Про Медиа и мисијата на ОБСЕ во Скопје.