Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Декларацијата од Манчестер за пристап до информации

24 мај 2006

Декларацијата од Манчестер за пристап до информации

 

Организациите на граѓанското општество што се сретнаа поповод4тамеѓународнаконференција на комесари за информации, со ова.

  • Се повикуваат на Декларацијата од Канкун која потврдува дека пристапот доинформации е фундаментално право и суштински услов за демократсковладеење, отчетност, развој на партиципативна демократија и економскиразвој;
  • Ги повикуваат владите да го почитуваат правото на пристап до информации во линија со меѓународното право и најдобрите практики;
  • Со загриженост ја забележуваат зголемената тенденција на пристапот до информации да се гледа како на закана за јавната безбедност и сигурност, и потврдува дека пристапот до информации е од суштинско значење за заштитата на другите човекови права и придонесува кон социјалната стабилност и сигурност;
  • Ја признаваат суштинската улога што ја имаат комесарите за информации и сличните независни тела за набљудување, за којашто треба да се обезбат доволни и одржливи ресурси;
  • Гопотврдуваатзначењетонасоработкатамеѓу граѓанското општество и комесарите за информации како суштинсказаспроведување на законите за пристап до информации.Сепак, граѓанското општество продолжува да ја играулогата на куче чувар, вклучувајќи и мониторинг на спроведувањето на националните закони како и на работењето на комесарите за информации;
  • Ја забележуваат вредноста на пристапот до информации во борбата против корупцијата,онака како што е признаенавомеѓународнитедоговори. Ние,посебно, ги повикувамесите земји да ја потпишат и да ја ратификуваат Антикорупциската конвенција на ОН, која налага земјите-потписнички да донесат мерки коишто гарантираат пристап до информации;
  • Потврдуваат дека правото на пристап до информации треба целосно да се применува за сите меѓународни организации.

Во светло на претходно изнесеното, ние го поддржуваме елаборатот изготвен од страна на Советот на Европа за договор  базиран на Препораката 2002 (2) за пристап до сите официјални документи.

Го повикуваме Советот на Европа да осигури дека договорот го признава пристапот до информации како човеково право; дека тоа е конзистентно со најдоброто право и најдобрите практики на земјите - членки; и дека воспоставува ефективни механизми за мониторинг за кои се обезбедени одржливи ресурси.

Ние инсистираме на отворен процес за изготвување на договорот во кој граѓанското општество ќе има значајна консултирачка улога.

Хотел "Британија", Манчестер 24 мај 2006 година 

Изготвено од страна на претставниците на следниве организациии поединци:

  • Access Info Europe (Spain)
  • Access-info Centre (Moldova)
  • Access to Information Programme (Bulgaria)
  • Article 19 (UK)
  • Center for Democratization and Development of Institutions (Albania)
  • Center fot Public Policy “Providus” (Latvia)
  • Citizen and Democracy Association (Slovakia)
  • Commonwealth HumanRights Initiative (India)
  • Croatian Helsinki Committee for Human Rights
  • e-Governance Academy (Estonia)
  • Freedom of Information Center (Armenia)
  • Hungarian Civil Liberties Union(Hungary)
  • Independent Journalism Center (Moldova)
  • LIMAC (Mexico)
  • National Security Archive (USA)
  • Open Society Archives (Hungary)
  • Foundation Open Society Institute – Macedonia
  • Fund for an Open Society, Serbia
  • Open Society b.a. Czech Republic
  • Open Society Justice Initiative (US)
  • Pro-Media (Macedonia)
  • ARADOR-CH, Romanian Helsinki Committee
  • Statewatch (UK)
  • Sustentia (Spain)
  • Transparency International (Germany)
  • Transparency International BiH (Bosnia&Herzegovina)
  • Georgian Young Lawyers Association (Georgia)
  • Lawyers’ Committee for Human Rights – YUCOM (Serbia)
  • Benjamin Fernandez, Paraguay
  • David Goldberg, Scotland