Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Случај 05

Број на лица ангажирани во Министерство за 2007 преку агенциите за времено вработување.

Барање | Жалба | Барање известување | Известување од Комисијата | Одговор на барање

Жалба

Имајќи предвид дека Министерството за одбрана како имател на бараната информација не донела решение односно не ја доставила бараната информација во законски предвидениот рок од 30 дена, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се смета дека барањето на барателот на информацијата е одбиено согласно на што барателот има право да поднесе жалба.

Барање известување

Како е изминат законскиот рок од 15 дена за одлучување по поднесената жалба до вас, а преку имателот на информации, Министерството за одбрана, барам во рок од 7 дена од приемот на овој Допис да ме известите за причините поради кои се доцни со одлучување по цитираната жалба, односно да ме известите за одлуката по однос на доставената жалба.

Известување од Комисијата

Комисијата со писмен допис се обрати до Министерството за одбрана и очекува овој имател на информација да постапи по Барањето, до барателот да достави одговор по него и да изтотви записник или да го одбие барањето и да донесе решение со образложение за причините поради кои истото е одбиено.

Одговор на барање

Министерството соработува со Агенцијата за привремени вработувања „Декра“ од СКопје. Министерството во 2007 година преку агенцијата за привремени вработувања „Декра“ има ангажирано 189 работници од кои 65 за извршување на задачи за потребите на одбраната на Министерството и 124 за извршување работи во Армијата на РМ.