Бесплатна правна помош за граѓаните во остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Обратете се до Македонското здружение на млади правници на отворената бесплатна телефонска линија!
Македонското здружение на млади правници преку имплементирање на проектот „Основање на систем за слободен пристап до информации во Македонија“ го промовира правото на слободниот пристап до информации и ги запознава граѓаните со ова нивно право, притоа давајќи им бесплатна правна помош. Здружението регрутираше адвокати, од редот на своите членови, кои им даваат помош на граѓаните (барателите на информации) за составување на жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и ги застапуваат граѓаните пред суд, во случаите кога не им е дозволен пристап до бараните информации.
За своите повреди на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и за сите прашања граѓаните можат да се обратат на отворената бесплатна телефонска линија .
Овој проект е финансиран и поддржан од Шведскиот Хелсиншки Комитет и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
Заинтересираните граѓани можат да се обратат на следниот бесплатен контакт телефон: 0800 44 222, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.