Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Спроведување на Законот

Во февруари 2006 година Парламентот на Република Македонија го усвои Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. НВО активистите имаа забелешки за квалитетни промени во предложениот закон и како резултат на тоа некои суштински препораки беа прифатени и имплементирани во законот.

Иако се поминати три месеци од усвојувањето на законот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации беше основана минатата недела. Според законот, Комисијата требаше да биде именувана од Парламентот еден месец по донесувањето на законот. Според владини претставници Комисијата ќе започне со работа во месец септември оваа година, кога мора да започна и спроведувањето ан самиот закон. Тоа значи дека граѓаните ќе можат да се обратат до Комисијата ако сметаат дека им е прекршено правото на пристап до информации од јавен карактер. На 11 мај 2006 година Комисијата имаше конститутивна седница и ги претстави своите обврски. Треба да се спроведат голем број активности за подигање на јавната свет во соработка со граѓанскиот сектор за промовирање на новата институција и поддршка за успешна имплементација на законот.

Најважна задача на Комисијата е да даде насоки и процедури за правилна имплементација на законот. Исто така, Комисијата треба да објави листа на институции кои се иматели на информации. Потоа, имателите на јавни информации мора да назначат лице задолжено за пристап до информациите од јавен карактер кое ќе ги обработува барањата.

Неколку невладини организации работат на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации и спроведуваат активности за подигање на јавната свест. Се надеваме дека овие напори ќе го забрзаат и процесот на креирање соодветна клима за ефикасна имплементација на слободен пристап до информации во Македонија.