Најнови вести

Започнува дистрибуцијата на роковникот за 2012 година, „Да не заборавам: Имам права!“

ФООМ РоковникПравната програма при Фондацијата Отворено општество – Македонија подготви роковник за афирмација на примената на Законот за бесплатна правна помош и Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Роковникот кој ја содржи пораката ДА НЕ ЗАБОРАВАМ: ИМАМ ПРАВА!, наменет за активистите за човекови права и за студенти, ќе се дистрибуира бесплатно. Можете да го добиете и ако ни пратите е-маил на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Имајќи предвид дека особен фокус на правната програма е подобрување на заштитата на човековите права и набљудување на спроведувањето на новововедените механизми за заштита на човековите права, ФООМ спроведува кампања за афирмирање на правото на еднаквост и правото на слободен пристап. Од овие причини, ФООМ подготви роковник во којшто преку цитати, хронологија на настани, квиз и преку обработка на случаи од праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ќе ги запознае граѓаните со фудаменталните права – правото на еднаквост и правото на пристап до информации. Воедно, роковникот ги афирмира правата и преку информативните прилози поврзани со имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош и Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Дистрибуцијата на роковникот се врши во ГЕМ клубот (ул. Караорман бб).

Погледнете го роковникот

Коментар на законот за Слободен пристап до информациите од јавен карактер

Скопје, 21 декември 2011. Правната програма на Фондацијата Oтворено општество – Македонија (ФООМ) е посветена на промовирање на транспарентноста и отчетноста на институциите, почитување на човековите права и поддржување на реформите на правниот систем во Република Македонија. Приоритет на програмата е да го охрабри јавното учество во овие процеси. Затоа ФООМ го публикуваше Коментарот на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер кој ќе им помогне, но и ќе ги поттикне граѓаните и здруженијата да бараат остварување на нивното правото на пристап до информациите кои ги креираат властите. Во оваа насока е и изјавата на Џон Рајд, канадски политичар и поранешен Комесар за информации на Канада кој вели: „Во најголема мера, претставниците на власта ја сакаат тајноста, бидејќи таа е алатка за моќ и контрола, а не затоа што информацијата што ја имаат е особено чувствителна според својата природа“.

Транспарентност во финансирањето на политичките партии

Транспарентност Македонија (ТМ) и Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) го спроведуваат проектот „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“, преку кој континуирано се следи и се анализира финансирањето на политичките партии. Свесни за тоа дека станува збор за комплексна операција, преку проектот се обидуваме да ги идентификуваме сите неправилности и кршењето на законските норми, но и недостигот од транспарентност и јавност во работата на политичките партии.

Страница 8 од 27